Со помош на Програмата на Обединетите Нации за развој (УНДП), општина Гостивар обезбеди средства за да се пушти во функција е-киоскот, електронски систем во вид на банкомат за издавање документи, известува Порталб.мк .
Гостиварци наскоро ќе можат да плаќаат сметки и да добиваат документи преку е-киоск, електронски систем во вид на банкомат за издавање документи. Од општината велат дека проектот чинел 12.000 долари, а киоскот ќе биде пуштен во функција наскоро.