Се нервиравте ли кога ќе ви снемаше интернет ако некој заѕвонеше на домашниот телефон? Имавте ли посебен уред за слушање музика? И да, СМС пораките не беа бесплатни, туку се наплаќаше секоја посебно, па броевме уште колку кредит имаме за нова порака. Ех, носталгија...
Пред Spotify, YouTube и плејлистите што ги имаме на еден клик, музиката ја слушавме на касети. Касетофонот беше задолжителен дел од многу домови, а омилената касета се премотуваше безброј пати. Понекогаш со копче, а понекогаш и со молив – за да не се троши батеријата.