СДСМ продолжува со обвинувањата за прославата на независноста. Владата ги крие документите, сумите, договорите, анексите и добавувачите за прославата за независноста за која беа потрошени милионски суми.
Соопштение за јавност на Левица: Откако со инсистирање се дозна дека прославата на 35 години независност чинела повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија, Владата се обидува да ја спаси приказната со евтина семантичка измама за 0 денари трошок.
Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари”. Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.
Власта секој ден наоѓа нови начини за манипулирање со своите граѓани. Последната манипулација беше фалењето дека од државниот буџет не платиле 5 милиони евра за прославата на 35-годишнината од независноста, туку целиот износ го платила Државна лотарија на Македонија АД Скопје, ...
И Левица бара објавување на целата документација поврзана со прославата на независноста. Во партиската реакција се наведува дека брзината со која е спроведен изборот на организаторот и, како што наведуваат, сомнителната улога на одредени членови на комисијата фрлаат огромна ...