TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Австрија на чекор до забрана на социјалните мрежи за деца под 14 години — приватноста на податоците е новиот проблем

Слободен Печат - пред: 2 часа

Австрискиот предлог за ограничување на социјалните мрежи за деца под 14 години има широка поддршка како мерка за заштита на малолетниците, но јавната расправа отвори сериозни дилеми околу проверката на возраста, заштитата на личните податоци и можниот опфат на Месинџер услугите.

Европа им става граници на децата на социјалните мрежи

Трн - 20.09.2026

Од национални забрани и родителска согласност до европски систем за проверка на возраста – земјите избираат различни модели, додека Македонија засега се определува за едукација и побезбеден интернет Европа влегува во нова фаза на регулирање на социјалните мрежи за деца.

ВО ЕВРОПА СЕ ЗАТВОРА ВРАТАТА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА Македонија засега нема најавено дали и каде ќе ја повлече границата

+инфо - пред: 2 часа

Македонија засега нема објавено старосна рамка за забранување социјални мрежи. Додека Австрија ја поставува границата на 14 години, Франција се бори за модел со 15, а ЕУ предлага скала од 13 до 15 години, домашната дебата сè уште е главно на ниво на експертски повици за поголема ...

ЕУ ќе забрани социјални мрежи за деца до 13 години – дали и Македонија ќе воведе такви мерки? Експертите укажуваат на потребата од тоа

ТВ21 - 19.09.2026

Да се забранат социјалните медиуми за малолетните деца, ова е одлуката која што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја изнесе на годинешното обраќање во Европскиот парламент за кое што доби огромно одобрување од пратениците.

ЕУ бара законски крај на емотивната врска меѓу децата и чет-ботовите

Трн - 19.09.2026

Новите европски насоки предвидуваат забрана за алгоритми кои симулираат чувства и создаваат зависност кај малолетниците. Европската Унија подготвува строги правила со кои бара технолошките компании да ја прекинат практиката на создавање емотивна врска меѓу децата и чет-ботовите.

Целиот свет ги ограничува социјалните мрежи за децата, само ние сè уште спиеме

Журнал - 19.09.2026

Европската Унија одлучи да ги ограничи социјалните мрежи за лица помлади од 13 години. Исто така, не се дозволени лични профили за лица помлади од 15 години. Тоа значи дека од 13 до 15 години би постоеле детски профили креирани и надгледувани од родителите или старателите, со ...

Франција не се откажува од забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 15 години

USB - 17.09.2026

Француската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на користење социјални мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Вечер - 19.09.2026

Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност.

КРАЈ ЗА ПРОФИЛИТЕ НА НАЈМЛАДИТЕ? Како Европа планира да ги заштити децата од социјалните мрежи

Вечер - тукушто објавено

Повеќе европски земји воведуваат или подготвуваат старосни ограничувања за социјалните мрежи, додека ЕУ предлага заедничка граница под која децата нема да можат самостојно да отвораат профили. Австрија оди со граница од 14 години, Франција турка забрана под 15, а Европската ...

ЕУ забранува лични профили за деца под 15 години на социјалните мрежи

Трн - 16.09.2026

Предлогот EU Kids Act предвидува целосна забрана под 13 години и обврска за технолошките гиганти самите да докажат безбедност. Европската комисија утре официјално ќе го предложи законот EU Kids Act, со кој се воведува целосна забрана за социјални мрежи за деца под 13 години и се ...

Дали и Македонија ќе воведе забрана за социјалните мрежи за деца?

Бизнис Вести - 20.09.2026

Прашањето дали децата треба да имаат слободен пристап до социјалните мрежи повторно е во фокусот, откако Европската комисија предложи нови правила со кои се предвидуваат значителни ограничувања за најмладите корисници.

EU Kids Act: Забрана на социјалните мрежи за помлади од 13 години и строги ограничувања до 15 години

Конект - пред: 19 часа

Европската унија официјално го претстави сеопфатниот законодавен пакет под назив „EU Kids Act“. Целта е коренито да се промени начинот на кој децата и тинејџерите пристапуваат до дигиталните платформи. Одлуката, насочена кон заштита на менталното здравје и безбедноста на ...

ЕУ подготвува големи промени за децата на интернет, проверка на возраста ќе стане задолжителна

USB - 16.09.2026

Европската Унија планира досега најсеопфатен пакет мерки за заштита на децата на интернет, кој предвидува ограничување на пристапот до социјални мрежи, видеоплатформи, чет-ботови со вештачка интелигенција и онлајн игри за помладите од 15 години.