Вкупно шест пожари на отворен простор се активни утринава низ земјата, а огнените стихии зафатија шуми и сува вегетација во скопскиот, штипскиот, струшкиот и кичевскиот регион, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Според извештајот, од речиси 1 700 пожари, 69 биле шумски, додека во 1 627 од случаите гореле сува трева, стрништа, нискостеблеста деградирана шума и ѓубришта, односно депонии Директорот на ЦУК, Мухамед Али, апелира до граѓаните да се однесуваат максимално внимателно и ...
Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 31 август до 1 септември до 7:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, 20 се изгаснати, четири се ставени под контрола, а два пожара и натаму се активни.
До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, ...