Првата епидемија е пријавена од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп, со дијагноза Toxoinfectio alimentaris. Кај заболените е докажан причинител салмонела. Регистрирани се вкупно 44 заболени лица, од кои шест биле хоспитализирани.
Во текот на месец јули, до Институтот за јавно здравје пристигнале пет пријави за појава на епидемии од акутни заразни заболувања. Од нив, три се со дијагноза токсикоинфекција алиментарис (труење од контаминирана храна), една со салмонела и една со стомачна инфекција ...