Во Избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи кои треба да гласаат на 3.474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.
За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови.
На претстојните локални избори во Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ќе учествуваат седум кандидати постари од 90 години, покажува Прирачникот за локалните избори 2025, издаден од Институтот за демократија, солидарност и ...