За време на летото внимателно ги бираме кремите со заштитен фактор за лице, но често забораваме на заштитата на косата. А токму сонцето, морската сол и хлорот од базените најмногу влијаат врз фарбаната коса — бојата избледува, влакното станува суво, го губи сјајот и полесно се ...
„Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш мијте ја со шампон. Но доколку ја миете секој ден, тогаш користете само регенератор или маска за коса без шампонирање“, вели Александар Миндев кој 11 години работи како професионален шминкер и фризер.