Херодот во своите „Истории“ опишува една необична практика кај старите Персијци, која на прв поглед изгледа парадоксално, но всушност открива длабока филозофија за човечката процена. Најважните прашања тие ги отворале на раскошни гозби со многу вино, во атмосфера каде што зборот ...
Во македонско-бугарските односи одамна има доволно вистински проблеми за јавноста да не мора да измислува нови од неколку секунди приватна снимка. Но Балканот често не функционира така. Тука и песната може да стане доказ, и чашата обвинение, и кафеанската маса дипломатски фронт.
Понекогаш изгледа дека на Балканот не недостигаат проблеми, туку трпение. Доволно е неколку секунди видео од приватна веселба да се појават на социјалните мрежи, па веднаш да започне натпреварот кој прв ќе измисли поголем скандал.
Во време кога официјалните односи меѓу Скопје и Софија минуваат низ сериозни искушенија, најмалку што им е потребно на двете општества е производство на афери од приватни моменти. Односите нема да се подобрат со фабрикување непостоечки скандали, ниту ќе се влошат затоа што некој ...