Економскиот притисок се повеќе се претвора во политички проблем за европските влади. Незадоволството од сè поскапиот живот во Франција,ослабените јавни услуги и состојбите во образованието излезе од училишните дворови и се прелеа на улиците на големите градови.
Инфлацијата во еврозоната е највисока од 2023 година, цената на гасот е повеќе од двојно повисока отколку пред војната во Иран, а Европската централна банка ги зголемува каматните стапки. Од Марсеј до Милано, луѓето веќе не чекаат да дојде зимата за да протестираат.
Бранот протести што зафати неколку европски земји, од Франција и Италија до Албанија, Белгија, Португалија и Шпанија, предизвика загриженост и во Германија. Германските медиуми предупредуваат дека незадоволството на младите, зголемувањето на трошоците за живот и намалувањето на ...