„Споменикот ’Македониум’ во Крушево нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава“, изјави на прес-конференција владината портпаролка, Марија Митева.
Обезбедени се 2,5 милиони денари (над 30 илјади евра) за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Крушево, кој со години прокапува, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Влагата продира во објектот, подот е распукан, витражите се скршени, рамките на прозорците кородирани, а водата стигнува дури и до гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.