Летните горештини и зголемената физичка активност претставуваат дополнителен предизвик за организмот. Поради засиленото потење, телото губи течности и важни електролити, што може да доведе до нарушена рамнотежа, чувство на замор, слабост и намалена физичка издржливост.
Се чувствувате одлично за време на тренингот, сè додека мускулот одеднаш не се „заклучи“. Болката е остра, движењето станува речиси невозможно, а чувството на затегнатост понекогаш останува присутно и откако грчот ќе помине.