Со проекцијата на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, вечерва почнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола. Свеченото отворање е од 20 часот во Центарот за култура.
Со свечено отворање во Битола започнува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, традиционална филмска манифестација посветена на уметноста на кинематографијата и на врвните достигнувања во филмската фотографија.
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња” на режисерката Дина Дума.
Годинава имаме импресивна програма со рекорден број филмови и едукативни содржини. Морам да потенцирам дека имаме прекрасни автори и огромна бројка на гости на ова издание. Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли ...