Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.
Во Македонија досега се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска, од кои 25 се во Скопје и еден во Велес. Најголем дел од заболените се лица постари од 60 години, поради што повозрасната популација се смета за особено ризична.
Починал маж на возраст од 83 години од Скопје, кој имал западно-нилска треска и други заболувања. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, д-р Фадил Цана.
Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува најчесто преку убод од заразен комарец. Симптомите може да се појават неколку дена по инфекцијата, но кај голем дел од заразените лица болеста поминува без симптоми.