WhatsApp од 8 септември 2026 година повеќе не поддржува телефони кои користат Android 5.0 или Android 5.1. Новиот минимум за апликацијата е Android 6.0 или понова верзија. Промената ги засега само уредите кои не можат да се надградат на понова верзија на Android.
Корисниците на многу стари Android телефони од денеска повеќе немаат пристап до WhatsApp. Компанијата ја зголеми минималната поддржана верзија на оперативниот систем, па уредите кои не можат да се надградат ќе треба да бидат заменети со понови модели.