Ѓубрето од Куманово почна да се депонира на депонијата „Дрисла“ во Скопје. Како што изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ваквото решение е привремено, додека не се реши проблемот со блокадата на депонијата „Краста“.
Според градоначалникот Димитриевски, кој денеска се сретна со жителите од околните села кои протестираат, трајното решение на проблемот со депонијата „Краста“ треба да се обезбеди преку изградба на претоварна станица и воспоставување регионален систем за преработка и управување ...
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово одржа состанок за актуелната состојба на депонијата „Краста“, на кој беа донесени повеќе заклучоци за нејзино деблокирање, непречено одлагање на сметот и засилен надзор.