Со годинашните нови девет доктори на науки, Штип заокружува бројка од 279 доктори на науки, од кои 167 докторирале во изминатите 25 години, додека во претходните 100 години докторски титули стекнале само 112 научни работници.
Со промоција на девет нови доктори на науки од Штип денеска во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа 25. јубилејно издание на традиционалната манифестација Митровденски средби на доктори на науки. Манифестацијата е во рамки на програмата за одбележување на Денот на ...