Со вечерашниот пријателски кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскот клуб Штип, кој од оваа сезона е нов член на Суперлигата во Македонија, и трофејната екипа на МЗТ од Скопје во 19 часот, официјално се промовира штипската новоизградена спортска сала „Џексон“.
Штип денеска добива нов, современ спортски објект – место каде што ќе се игра, ќе се тренира, ќе се освојуваат победи, но пред сè, ќе растат нови генерации спортисти, објави министерот за спорт, Борко Ристовски.
Штип од денеска го има новиот Спортско-рекреативен центар (СРЦ) „Џексон“. Новиот спортски дом за спортистите и публиката е инвестиција, која чини повеќе од два милиони евра, средства обезбедени од државниот буџет.