Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека водата од Градскиот водовод во Гостивар повторно е безбедна за пиење и може да се користи без ограничувања. Одлуката е донесена откако во три последователни примероци не биле пронајдени бактерии.
Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи.
Откако главниот штаб за управување со кризи објави дека водата за пиење во Гостивар е безбедна, сите присутни се напија чаша вода за да докажат дека таа е повторно безбедна за пиење. „На здравје нека е“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на главниот ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска, 14 август, може да се користи за пиење. Ова на денешната прес-конференција го истакнаа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.