Лука Дончиќ приреди вистинско кошаркарско шоу во НБА-лигата, предводејќи ги Лос Анџелес Лејкерс до победа над Јута со 132:123. Словенечкиот ас одигра фантастичен натпревар и уште еднаш покажа дека е подготвен да ја преземе лидерската улога во тимот.
Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар и со 52 поени (осум тројки), ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 132:123 над Јута Џез. Во исто време, актуелните шампиони, Њујорк Никс запишаа уште еден пораз. Никс загубија од Орландо 111:102.