Екипата на Охрид вторпат го победи Вардар во период од седум дена, бидејќи по триумфот во финалето во Струга, „гладијаторите“ на Борис Ројевиќ ја одбранија титулата и на домашниот турнир. Трофејот од „Крсте Андоновски“ втора година по ред останува во витрините на Охрид, откако ...
Денеска и официјално ќе биде спуштена завесата на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ кој традиционално се одржува во СЦ „Билјанини Извори“. Во финалната пресметка имаме две македонски екипи, Вардар и ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот.
Ракометарите на Вардар стигнаа и до трета победа на третиот одигран натпревар на турнирот ,,Крсте Андоновски” во Охрид. Актуелниот македонски шампион го совлада словенечки Тримо со 28:26, во натпревар кој донесе израмнето прво полувреме со малку голови.
И ослабен, македонскиот шампион Вардар го совладаа хрватски Нексе со 33:27 во последниот вечерашен меч на 3. ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со оваа победа, „црвено-црните“ ќе имаат директна битка со Тримо за пласман во големото финале.