Данскиот кинематографер Дан Лаустсен е лауреат на наградата Златна Камера 300 на 47. фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, соопшти директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.
Доксевски рече дека годинава има рекордна бројка на пријавени филмови, повеќе од 600, што е првпат во историјата на фестивалот, како и работилници со студенти од земјава и странство
На денешната прес-конференција во Скопје беа соопштени деталите за 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ , кој годинава ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола. Организаторите најавија најамбициозна програма досега, рекорден број ...