Од СДСМ обвинија дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад и дека караванот што го организира низ државата под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ претставува, како што велат, обид да се прикрие реалната состојба во партијата.
Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји, велат од опозициската СДСМ.
ЗНАМ повеќе не постои како здружение. Oстанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание, велат од СДСМ. „Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше ...