АД ЕСМ повторно ја одбра охридската градежна компанија „Топлина“ за ископ на јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола на јавна набавка проценета на 930 милиони денари, односно над 15 милиони евра.
Државната енергетска компанија АД ЕСМ одлучи повторно да ја ангажира градежната компанија Топлина од охридското село Подмолје за потребите на РЕК Битола. Овојпат, фирмата ја доби јавната набавка за ископ на јаглен во површинскиот коп Брод Гнеотино.