Македонската делегација продолжува со интензивни активности во Њујорк во рамките на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Премиерот Христијан Мицкоски оствари повеќе средби и учествуваше на состаноци посветени на европската перспектива и меѓународната ...
Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствуваше на приемот што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери што учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование.