Според најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот април – јуни (втор квартал), пазарот на недвижности бележи значителен раст на активностите и финансиската вредност во споредба со првите три месеци од годинава.
Податоците од од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период имало 977 продажби на недвижности од инвеститор. Од нив 943 се станови, а 34 куќи.
Центар останува најскапата општина во Скопје за жителите кои живеат во станови под кирија, додека од споредените општини во Скопско, Кисела Вода има најниска просечна кирија, покажуваат податоците од Регистарот на цени и кирии на Агенцијата за катастар на недвижности.