Во просториите на Институтот „Фамес“, Националниот џез оркестар ја сними една од најпрепознатливите македонски песни, „Билјана платно белеше“. Звучи одлично, но ништо помалку и не може да се очекува од музичкиот состав кој полека прераснува во македонски бренд.
Новата џез-интерпретација на легендарната македонска народна песна „Билјана платно белеше“ е централен дел на кампањата „Културна врска“ на А1 Македонија, во пресрет на овогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“.