Баварската служба за борба против тероризмот и екстремизмот ја презеде истрагата за нападот врз средното училиште во Шонгау, во кој е осомничен 16-годишен хрватски државјанин, беше објавено денес. Ова значи дека нападот се третира како терористички чин.
Германските власти го истражуваат нападот во гимназијата во Шонгау како можен терористички чин, откако кај 16 годишниот осомничен се пронајдени текстови со екстремистички пораки и содржини насочени кон различни групи, вклучително и кон жените.