Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV), информираат од Министерство за здравство. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.
Западнонилската треска е вирусна инфекција што се пренесува на луѓето преку убод од заразен комарец, кој претходно се инфицирал хранејќи се со крв од заразена птица. Вирусот не се пренесува директно од човек на човек преку допир, бакнеж или нега на заразено лице.
24Инфо - Бриф - Нова Македонија - Нова Македонија - Press24 - Либертас
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека скоро сите случаи со западнонилска треска во земјава се од Скопскиот регион и Велес, како и дека веќе се направени вонредни прскања, а проверени е дали општините ги запазиле планираните редовни прскања против комарци.
360 степени - Проверено - Рацин - Скопско Ехо - Вечер - Прва Скопска