Штип од 19 до 21 јуни ќе биде домаќин на тридневниот Фестивал на улична храна, што по вторпат се одржува на новото штипско шеталиште „Ванчо Прќе“. Покрај храна, организаторот подготвува и богата забавна програма.
Од денеска до недела, Штип е домаќин на второто издание на „Штип стрит фуд фестивал“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни.