Најмалку седум лица се повикани на информативен разговор за ширење паника, по дезинформациите дека скопската вода е загадена. Дел од нив не сакале да кажат од каде им се информациите. Официјално Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се ...
И вчера и денеска полицијата повикува на разговор повеќе лица затоа што ширеле лажни вести дека во скопската вода има ешерихија коли повикувајќи се на наводни „нивни извори во лаборатории“ и „сигурни информации“.
iNFOMAX - Вечер Прес - Либертас - iNFOMAX - Прва Скопска - Скопско Ехо
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека водата од градскиот водовод ја пие тој и неговото семејство и потенцираше дека, ако имало некаков проблем, прв ќе ја информирал јавноста за тоа.
Либертас - Економија и Бизнис - Вечер Прес - еМагазин - Весник Илинден - iNFOMAX
Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.
Скопје1 - Либертас - Во Центар - Скопје инфо - 24 Вести - ТВ21