Соопштение за јавност на СДСМ: Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна” вода.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува утре надлежните институции да соопштат дека водата во Гостивар повторно е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е хиперхлорирање на водоводната мрежа и дека досегашните анализи покажуваат позитивни резултати, пренесе МИА.
Според информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија ...