Некои парови избираат датум за свадба според тоа кога има слободен ресторан. Други гледаат да биде викенд, да не е премногу топло, да не се поклопува со одмори или празници. А има и такви кои веруваат дека датумот треба да има симболика.
Според љубителите на нумерологијата, денешниот датум – 6.6.2026 година – носи посебна симболика поради повторувањето на бројот шест, кој се смета за број на љубовта, семејството, хармонијата и грижата за другите.
Ако верувате дека бројките носат скриени пораки, 6 јуни би можел да биде еден од најинтересните датуми во годината. Нумеролозите тврдат дека порталот 6/6 носи ретка можност за емоционално исцелување, нови почетоци и создавање живот во поголема ...