Порастот на цените на светски познатиот германски фестивал на пиво Октоберфест, кој започнува во сабота, е повисок од стапката на инфлација во Германија во последните децении, предупреди Андреас Рис, главен економист во UniCredit Bank во Германија.
Градските власти во Минхен ги одобрија новите ценовници според кои и литар обична вода надминува 11 евра. Организаторите на Октоберфест во Минхен објавија дека цените на пивото годинава достигнуваат до 15,90 евра за кригла од еден литар.
Октоберфест годинава ќе ги пречека посетителите со рекордно високи цени на пивото. Просечната цена на литар ќе изнесува 15,61 евра, што е речиси пет пати повеќе од цената што посетителите ја плаќале во 1985 година.