Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини, изјави Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа.
Студентите од државните универзитети од август ќе имаат можност активно да се вклучат во работата на општините преку новата програма „Месеци на практикантство“, најави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на денешната прес-конференција.