Македонската кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите кошаркари беа поразени од Исланд со 75-87. И овој натпревар се одигра во одлична атмосфера, нашите надежи имаа максимална поддршка од ...
Втор ден натпревари во ,,Б” дивизијата на Европскиот кадетски кошаркарски шампионат, што се одржува во Гевгелија и Скопје. По вчерашната победа над Кипар, македонската кошаркарска селекција денеска ќе игра против репрезентацијата на Исланд.
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.
Македонската кадетска машка репрезентација на најдобар можен начин го отвори Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите надежи своите мечеви ги играат во салата „26 април“ во Гевгелија, а на стартот запишаа убедлива победа над Кипар од 63-82.