Александар Николоски денес се дистанцира од протестите како средство за притисок на превозниците, само седум месеци откако лично отиде на граничниот премин Блаце, им даде поддршка на блокадите и ги оцени како навремено предупредување до Европската Унија.
Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да бараат решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници по воведувањето на системот „ЕЕС“ (Entry/Exit System) во Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Превозниците од земјите од Западен Балкан би можеле повторно да ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген зоната доколку до почетокот на септември не биде постигнат напредок во разговорите со Европската унија околу примената на системот EES.