ДОДЕКА СЕ ЧЕКА ОДЛУКАТА ОД ВРХОВЕН ДА СТИГНЕ ВО ЗАТВОРОТ Додека се чека одлуката на Врховниот суд да пристигне во затворот и Стевчо Јакимовски да излезе на слобода, поранешниот градоначалник на Карпош доби нова кривична пријава.
Нова кривична пријава е поднесена против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Тој е пријавен за кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Јакимомвски е третопријавен, а прво и второ-пријавените на инвеститорите им издале Одобрение за градење, со што им овозможиле на инвеститорите противправно да се стекнат со право на изградба на објект во вредност од 10.427.518,00 денари.