Шкода Пик го поместува врвот во понудата од електрични автомобили на чешката марка на Фолксваген за уште едно скалило погоре. Новиот СУВ настапува во улога на знаменосец и се поставува над успешните Елрок и Енијак. Првпат Шкода нуди целосно електричен СУВ со седум седишта.
Новиот електричен врв на Škoda е развиен да биде врвно комфорен, но и врвно ефикасен – и поминува скоро 650 километри со едно полнење на батериите! Peaq (Peak, односно „Врв“) ќе биде достапен во три различни конфигурации и ќе ги носи ознаките 60, 90 или 90x.