Како што пренесува новинарот кој е експерт за трансфер активностите на најпознатите светски клубови, Фабрицио Романо, од таборот на Ливерпул се блиску до комплетирање на првото засилување за следната сезона.
Одбраната беше горлив проблем за Ливерпул оваа сезона. Затоа и пред да почне преодниот рок, Јирген Клоп реши да го засили централниот дел во одбраната. Во прашање е стоперот на Лајпциг, Ибрахима Конате, за кого ќе платат 40 милиони евра.
Повредата на Вирхил ван Дајк на почетокот од сезоната, тотално ги смени плановите на Ливерпул, па „црвените“ во продолжение од сезоната не беа ни сенка од оној тим кој лани убедливо ја освои титулата во Премиер лигата.