Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во самата завршница. По одигрувањето на четвртфиналните натпревари, познати се и полуфиналните двојки, Франција ќе се соочи со Шпанија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Аргентина и Англија.
Од 48 репрезентации кои стартуваа на Светското првенство, останаа само уште четирите најдобри. На ред се полуфиналните дуели во кои ќе играат четирите најдоброрангирани селекции на ФИФА листата во моментов. Шпанија ќе ја предизвика Франција, а Англија ќе се сретне со актуелниот ...
Репрезентациите кои сè уште се во игра – Франција, Шпанија, Англија и Аргентина – ќе ги заземат првите четири позиции, а нивниот конечен редослед ќе биде познат по одигрувањето на финалето и натпреварот за третото место.