Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош.
Од плакатите за претставите на Горан Стефановски до „Нокаут“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, од „Медена земја“ и „Исцелител“ до детски работилници, фолклор и изложби – од 20 до 30 август Карпош ќе живее во ритамот на своето културно лето.
Богата музичка, културна и забавна програма ќе понуди годинашното издание на „Карпошово културно лето“, кое ќе се одржува во текот на август. Организаторите најавуваат содржини за различни генерации и вкусови, од концерти и изложби до филмски проекции, детски работилници и ...