Кинеската компанија TCL, која ги прави телефоните со брендот BlackBerry, пушти тизер за моделот KEY2, кој ќе биде претставен на 7 јуни во Њујорк. Во краткото видео се гледа двојната камера која е опремена и со двоен LED блиц.
KEY2 на BlackBerry е најновиот смартфон со Android фокусиран на бизнис, а компанијата на YouTube објави најавно видео. Видеото открива дека KEY2 има две задни камери со LED блиц, физичка тастатура, апликации за допишување и друго.