SpaceX ќе стане четвртиот мобилен оператор во САД. Компанијата го откупи копнениот радиофреквентен спектар од 800 MHz од „Grain Management“ (кој претходно се користеше од „Sprint“), што сега ќе служи како ресурс за „Starlink Mobile“.
Ројтерс, повикувајќи се на извештај на „Волстрит џурнал“, објави дека компанијата на Илон Маск е пред голем влез на американскиот пазар за мобилна телефонија. Имено, SpaceX планира да го преземе од Grain Management националното портфолио на фреквенции од 800 MHz.
SpaceX доби важно регулаторно одобрение што би можело да му овозможи на Starlink да стане значително посериозна конкуренција на големите американски мобилни оператори. Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) ѝ одобри на компанијата да распореди и користи 15.000 ...
Компанијата SpaceX на Илон Маск направи значаен чекор кон влез на американскиот пазар на мобилни оператори, склучувајќи договор за купување радиофреквенциски спектар од компанијата за приватен капитал Grain Management.