„Какво беше вашето утро? Моето изгледаше вака. Сретнав мечка со три мечиња на патеката, на само 50 метри од мене“, напиша Швеѓанката Лина во описот на видеото, што воодушевува. Шведската авантуристка Лина Халебрат веќе некое време престојува во Македонија и ја истражува земјава.
Познатата шведска авантуристка и блогерка Лина Халебрат доживеала средба што веројатно никогаш нема да ја заборави додека пешачела низ недопрената природа на планината Кораб. На патеката во близина на Голема Корапска Врата, на над 2.000 метри надморска височина, таа забележала ...