Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h).
Национално - 4NEWS - Скопје инфо - Во Центар - Проверено - 360 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше развој на нестабилни облачни маси кои зафатија повеќе региони низ државата. Регионот на Гостивар и планинските предели северозападно од Струга и западно од Крушево се зафатени со нестабилна облачна маса.
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h).
По уште два многу топли денови, викендот носи пресврт со пад на температурите и поголема нестабилност, по што времето ќе стане посвежо и поумерено. Жешко и претежно сончево време се очекува во четврток, 10 септември, со температури кои во Скопје ќе достигнат околу 34–35 степени.