СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат, велат ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Христијан Ефтимов од СДСМ.
Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лицата со кои се појавил за време на неодамнешните случувања во Ново Село, тврдејќи дека меѓу нив има лица со правосилни пресуди за насилство и кривични дела поврзани со наркотични средства.
Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, ...