ПАРИТЕ ЗА ЈУБИЛЕЈНАТА ПРОСЛАВА НА НЕЗАВИСНОСТА НЕ ДОШЛЕ ДИРЕКТНО ОД ТРЕЗОРОТ За прославата на 35 години независност не биле потрошени средства директно од државниот Буџет, но потрошените 5 и пол милиони евра се реални.
Јон Фрчкоски од СДСМ, на својот Фејсбук профил објави дека Владата ѝ укажала на Лотарија, дивидендата од 4.8 милиони евра да ја намени за прославата на 35-години независност во која беа вклучени настапите на Дејвид Гета, Хозе Карерас и плејада македонски пејачи и артисти.
Премиерот Христијан Мицкоски и опозициската СДСМ влегоа во остра полемика околу финансирањето на музичките спектакли по повод 35-годишнината од независноста. Додека премиерот тврди дека настапите на светските ѕвезди го чинеле државниот буџет нула денари , од СДСМ возвратија дека ...
„Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари. Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните. Нема ‘нула денари’. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг“, се вели во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип одговарајќи на новинарско прашање во врска со сумата која е потрошена за организирање на настаните поврзани со одбележувањето на 35 годишнината од независноста на државата, истакна дека Буџетот и граѓаните сето ова ги чинело нула ...