Јована Мицовска се избори за финале на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА во Тирана Албанија. Нашата каратистка утре ќе се бори златниот медал. Мицовска забележа четири победи. И Вукашин Јовановиќ настапува денес.
Петар Заборски денес имаше најдобар настап од нашите карате репрезентативци на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА во Тирана Албанија. Заборски е петтопласиран, а беше на чекор до бронзениот медал.