Основното училиште „Браќа Миладиновци“ – Аеродром, на свој официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, споделило промотивни видеа поврзани со кампањата на Дејан Митески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината.
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фоотографии од демолиран штаб на опозициската СДСМ во Градско. Како што дознаваме во моментов таму врши увид полицијата. Сведоци за Инфомакс, велат дека група на лица мавале со камења по штабот на опозицијата.